Три жители на Кина добија казна затвор од неколку години поради кршење на правилата за спречување на ширењето на ковид-19. Станува збор за прекршоци во компанија за карго-превоз во Далијан.
Компанијата не се погрижила работниците да носат маски, да не посетуваат јавни места по работните часови и да бидат соодветно изолирани и тестирани. Поради овие пропусти, четири лица предизвикале заразување на 83 други луѓе преку превоз на замрзната храна со брод во градот, според локалните медиуми.
Фото: Pixabay
Минатата недела, на контролорот, правникот и надзорникот во компанијата им биле изречени казни за затвор од 39 до 57 месеци. Компанијата добила и парична казна од 800.000 јуани, што е околу 125.500 долари.
Кина смета дека коронавирусот може да преживее во условите во кои се чува замрзната храна, па затоа властите ги проверуваат увезените замрзнати производи за остатоци од коронавирусот.
Извор:
Fortune
Фото: Pixabay