05.10.2021
Технологија
Падот на „Фејсбук“ го наполни „Твитер“ со мемиња. Погледнете ги најсмешните
Падот на Фејсбук, Инстаграм и Вацап најверојатно беше најголемиот настан во текот на вчерашниот ден во светот на технологијата. Трите апликации, кои се во сопственост на компанија на чие чело е Марк Закерберг, беа недостапни за корисниците од целиот свет повеќе од шест часа. Корисниците не можеа да објавуваат фотографии, да пишуваат објави, да коментираат или на каков било начин да комуницираат преку овие три мрежи.
За падот од „Фејсбук“ се изјаснија, ни помалку ни повеќе, туку на „Твитер“, единствената социјална мрежа која не е во нивна сопственост и која функционираше.
Твитерџиите максимално го искористија падот и објавуваа разни мемиња, гифови, монтирани фотографии и видеа.
Ви издвојуваме некои од најсмешните.
Насловна фотографија: Twitter (printscreen)