X
 24.06.2020 Живот

Компанија продава предмети од изгубен аеродромски багаж на интернет

Дали некогаш се прашувавте што се случува со изгубениот багаж на аеродромот? Во САД предметите од изгубениот багаж се продаваат на интернет од страна на една компанија.

Постојано се губат багажи за време на авионските летови, но најчесто тие им се враќаат на сопствениците, порано или подоцна. Сепак, некои торби и куфери остануваат изгубени, а во САД ги купува компанијата „Анклејмд бегиџ“, сместена во Алабама.


Фото: Pixabay

Веќе 50 години компанијата го купува изгубениот багаж и потоа повторно го продава. Багажот може да се купи од авионските агенции доколку сопственикот на багажот не го земе подолго од три месеци.

Сега компанијата отворила онлајн-продавница за предметите од изгубениот багаж низ целата земја. На веб-страницата може да се најдат секакви работи, па дури и дијамантска алка вредна 8.720 долари.



Автор: Андреа Романо
Извор: travelandleisure.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот