Минатата недела се потсетивме кои беа текстовите што најмногу ги читавте во 2019 година, со психологот Пендароски направивме рецепт и мени за среќа, а прашавме и каква година имаа режисерката Тамара Котевска, режисерот Милчо Манчевски, диригентот Џијан Емин, актерките Весна Петрушевска и Тамара Ристоска, писателката Винка Саздова. Што пишувавме минатата недела?
На крајот од годината сите природно се потсетуваме на годината што ни изминува, размислуваме што сме направиле убаво, што не, а обично расте надежта дека ќе нѐ очекува подобра година. За Македонија беше година на големи предизвици. Со политика не можеме да се пофалиме, но со успеси во културата годинава, сигурно многу.
Милчо Манчевски
Колкав е купот на загрижувачки мисли што ни минуваат низ глава во текот на само еден ден? Има ли врв и дно? Па кога ќе се помешаат и јадосувачките... И каква е таа ментална хигиена во македонски услови?
Ова, се чини, се сосема логични мисли и прашања на луѓе што со децении живеат во транзиција, која кај и да е може и ќе заврши, од избори до избори, економија која ете „сега ќе процвета“, а образование и здравство што „ќе станат достојни за граѓаните“...
Дефиниции има, знаеме дека е чувство, ама има ли рецепт за среќа во такви услови?
Па ако за чувствата се „задолжени“ психолозите, ги прашавме токму нив.
Мирослав Пендароски, универзитетски професор, не кажа, туку во својот специфичен стил напиша рецепт и мени за среќа, а додаде и клуч за среќо-тест.
Успеавме да ги најдеме најуспешните Македонци „скриени“ во научни лаборатории, познати универзитети, светски компании каде што го остваруваат својот сон. Ги наjдовме и дома. Објавувајќи анализи и истражувања за проблемите во нашето образование, култура, здравство, животна средина, сообраќајна не(култура), безработицата, целиме кон тоа многу нешта да се подобрат. Некогаш успеваме во тоа, некогаш помалку, но сигурни сме дека ја алармираме јавноста за нив и заеднички се бориме за подобро утре за сите нас.
Чист воздух, здрави луѓе, среќни луѓе. Посакувам да сме повеќе. Да се реши проблемот со бездомните животни и да имаме подобар стандард“. „На Македонија ѝ посакувам да се стабилизира. Да ги среди проблемите со нефункционалното здравство и хаотичниот образовен систем. Ѝ посакувам почист воздух . Но, најмногу од сè ѝ посакувам да се освести“. Ова се дел од вашите желби што ни ги пишавте на новогодишната анкета која беше активна минатата недела. Одговаравте на прашањата по што ќе ја паметите изминатата година,
што очекувате во Новата 2020?
Поразговаравме со нашинци што живеат во Австралија, за нивното горчливо искуство со
апокалиптичните пожари во областа Викторија.
Семејства што живеат во Мелбурн тргнале на одмор во туристичкото место Лејкс Ентранс во областа Истерн Гибсленд на 27 декември. Нашиот соговорник вели дека на 30 декември температурата била 45 степени, а на 1 јануари - 17!
- Кога тргнавме, не знаевме дека таму веќе има мал пожар кој е доста блиску до нас и може да прерасне во ваква катастрофа. Првиот ден беше супер, но дознавме за пожарот и почнавме да слушаме вести и инструкции на радиостаница наменета само за тоа. Вториот ден се информиравме подобро и ни кажаа дека наредниот ден се очекува да биде 45 степени и дека ќе има силен ветер од север (топол) и ќе ги донесе чадот и пепелта од пожарите. Рекоа дека ќе биде доста лошо, но градот ќе биде одбранет од огнот доколку биде потребно... Третиот ден отидовме до најблиското гратче бидејќи тоа беше на листата со побезбедни, на 35 километри од нас со надеж дека сè ќе се реши во текот на денот. Се вративме пак таму по ручекот и дури тогаш се случи апокалиптично небо со дожд измешан со пепел. Паѓаа прегорени листови, па и цели гранчиња од евкалиптус како конфети. Имаше 45 степени. Многу лошо. Се исплашивме. Целиот копнен дел околу градот, на приближно 20 километри далечина, беше опкружен од пожар - вели нашинецот.