X
 05.01.2024 Живот

Како авиокомпаниите го скратуваат времето на летање за да заштедат?

Во воздушниот сообраќај секоја минута е важна бидејќи доцнењето може да доведе до пропуштање на летовите. Освен тоа, заштеденото време би довело и до големи заштеди за превозниците. Големите авионски компании воведуваат стратегии кои ги намалуваат трошоците и заштедуваат време.

„Американ ерлајнс“

Во 2022 година оваа компанија почна да користи нова технологија за одредување премини за летови на меѓународниот аеродром во Далас, кој има најголем сообраќај во САД. Новата процедура заменува рачна работа која трае со часови и им овозможува на авионите да го одбегнат преминувањето од источната на западната страна, а со тоа се заштедуваат просечно две минути по лет.

Програмата наречена „Смарт гејтинг“ (Smart gating) била проширена и на други аеродроми во САД. Технологијата има цел да се одбегне метеж пред влезовите.

„Јунајтед ерлајнс“

Во октомври 2023 година „Јунајтед ерлајнс“ почна нова процедура за влегување во авион за патниците во економска класа. Според неа, први се сместуваат патниците до прозорците, потоа оние во средина, а на крај оние покрај преминот. Се проценува дека оваа промена може да заштеди до две минути по лет.

„Саутвест ерлајнс“

Авионската компанија минатата година експериментираше со начини за побрзо влегување во авионот со подобри знаци и музика на мостот.

„Фронтиер ерлајнс“

Компанијата сака да го забрза влегувањето и излегувањето од авионот, па почна да користи скали кои водат директно во авионот и надвор од него. Сега компанијата преговара со неколку аеродроми да се зголеми таквото влегување во авион, без традиционалниот мост. Тоа би можело да заштеди дури десет минути по лет, што е доволно за авионот да се паркира, да се наполни и повторно да тргне.

Извор: Kamatica
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот