Постои само едно слободно место за позицијата „истражувачка на заведување“, а оваа позиција е толку престижна што без претерување може да се нарече најдобрата работа во светот, а ја доби оваа девојка.
„Истражувачка на заведување“ е професија која не постои ниту пак некогаш ќе постои, меѓутоа во една точка од временско-просторниот континиум се случува аномалија која предизвика една британска подружница на популарната страна за пронаоѓање на партнери match.com да распише натпревар токму за оваа позиција. Условите беа да се работи за млада и отворена личност која ќе може да пишува квалитетни и интересни блог извештаи, а самата работа се состои од шест неделно патување низ светот и истражување на локалните обичаи за време на заведување и одење на состаноци.
Работата на крај ја доби згодната блогерка Лаила Сван која успеала да победи од вкупно 750 кандидати. Таа за брзо време ќе ја започне нејзината мисија која има за цел да им помогне на Британците да бидат поотворени и поквалитетни заводници и заводнички, барем на првите состаноци. Лаила патувањето ќе го започне во Њујорк, ќе продолжи во Рио де Жанеиро и ќе заврши во Париз и Рим со платени трошоци за патувањето и сместување.
„Патувањето е моја опсесија и ја прифаќам секоја можност да посетам нова држава или место“, вели згодната Лаила кога ја прогласија за победничка на натпреварот.