X
 05.02.2020 Живот

Игнорирањето на колегите може да ве направи попродуктивни

Работата во канцеларија може да претставува предизвик за многумина што имаат тешкотии да се концентрираат на работните задачи. Една анкета покажала дека 98% од работниците се прекинувани во текот на работните обврски неколкупати дневно. Според психологот Улрика Леонс, овие прекини во работата, особено кога се директни, може негативно да влијаат врз работниот процес. 

Според Леонс, доколку некој ве прекине во текот на работната задача, потребни се приближно 5 до 25 минути за го вратите вашето целосно внимание на задачата што сте ја оставиле поради колегата. Освен тоа, префрлувањето на вниманието помеѓу задачи одзема енергија и придонесува да бидете поуморни на крајот од денот.

Едно истражување покажало дека прекините во работата може да одземат до 238 минути дневно. Дополнителни 84 минути се губат во помнењето на местото каде што сте застанале во моментот кога сте биле прекинати, додека стресот и уморот ќе ве чинат дополнителни 50 минути дневно. На крајот, тоа се 372 изгубени минути, односно 6,2 часа во денот. 

Како да ги намалите прекинувањата?

Многумина користат сопствени методи за да се соочат со овој проблем, меѓу кои се и користењето слушалки, физичкото оддалечување од другите колеги и почнувањето со работа порано од другите.

Психологот Леонс препорачува и други методи, како визуелно одвојување на работното место и заедничките простории за дружба и заеднички договор со колегите за период од денот кога сите ќе се фокусираат само на работата.

Конечно, треба да се знае и дека луѓето што работат од дома го имаат овој проблем. 43% од овие работници изјавиле дека се прекинувани во текот на работата, но најчесто од страна на членови на семејството или други луѓе што живеат на истото место.
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот