X
 05.02.2020 Образование

Нивата како училница за проблематичните ученици

Во Кухијавахо Лои близу колеџот „Ливард“, 17 средношколци што имале проблеми во конвенционално училиште се обидуваат да воспостават рамнотежа во нивното образование.

Тие се запишале на новата програма што спречува отпишување од училиште. Оваа програма го предизвикува нивниот мозок и нивното тело.

- Програмата ми помогна да сфатам дека образованието е важно за мене. Ова е огромна промена во мојот живот - изјави студентот Феваи Фапули.

Средношколците се дел од Програмата за алтернативно учење за тинејџери од Нанакули и Вајанај.

Специјалистот за образование Ами Акео изјави дека сè е интегрирано во програмата.

1
Фото: Printscreen


- Учениците ќе имаат математика, англиски, социјални студии и наука во рамките на проектите на кои моментално работиме - изјави таа.

Лекциите се изучуваат во училници на различни места, на пример, плантажа со кало.

- Учењето дефинитивно се случува тука. Зборуваме за конзервација. Зборуваме за управување со земјиштето. Зборуваме за одржливост - изјави наставникот Лиман Пануи.

Учениците се охрабруваат да ги подобрат оценките за да можат навреме да го завршат училиштето и да почнат да реализираат цели надвор од училиштето.

2
Фото: Printscreen


- Сакам да одам на факултет. Сакам да станам доктор и сакам да му помогнам на моето семејство. Моето семејство е најважното нешто за мене - вели ученикот Елоис Забала.

Претставници од непрофитни организации и агенции помагаат во наставата, а академското постигнување се мери преку стандардизирани тестови.

- Кога одев во редовно училиште, постоеја многу работи што ми го одвлекуваа вниманието. Тоа лошо влијаеше врз мене - вели ученикот Вилијам Џозеф.

3
Фото: Printscreen


Државните законодавци ја финансираат програмата.

Акео вели дека е потребно време за да се утврди дали програмата е успешна, но судејќи според присуството, се чини дека учениците развиваат позитивен став кон образованието.

- Учениците постојано ни кажуваат дека ако не беше програмата, тие не би биле тука денес. Веројатно воопшто не би оделе на училиште - вели Акео.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование