X
 21.05.2018 Образование

Какво било образованието во минатиот век, а какво е денес?

Децата од минатиот век повеќе време поминувале на училиште. Наставата во Југославија траела 210 училишни дена, а денес во Македонија трае 180 дена. Во Финска, на пример, трае 190 дена.

Судејќи според учебниците, некогашните училишта биле далеку поблиски до реалниот живот отколку денес. Од децата во тој период се очекувале снаодливост и работа со рацете. Пример за задача за учениците од шесто одделение по предметот домаќинство (издание од 1970 година) вели: „Ако во куќата нема водовод, размисли како би конструирал уред: а) за миење раце, зеленчук, овошје и други намирници со проточна вода; б) за туширање со топла и студена вода. Ако на денешно 12-годишно дете му се постави ова прашање, дали би знаело да го одговори?

деца
Фото: CROPIX


Иако помислата за конструирање вода звучи посоодветна за момчињата, кога домаќинството било во прашање, и двата полови биле во иста каша. Една од задачите по предметот прехрана (1969 година, седмо и осмо одделение) била да се опише најсоодветна чинија за секоја кулинарска постапка - готвење, печење, пржење. Освен што учениците учеле за масти, јаглехидрати и белковини, работата во кујната им била дел од задачите.

  Со задачите се поттикнувала љубопитноста.

- Загреј во тавата малку масло додека не почне да гори. Затвори го загреаното масло со сув капак. По кратко време, види што се собрало на дното на капакот (Учебник од 1969 година).

И покрај често повторуваната теза дека децата денес се преоптоварени, факт е дека порано децата поминувале повеќе време на училиште. Учебната година во Југославија траела 210 дена, додека денес во Македонија трае 180 дена. Во Финска, на пример, трае 190 дена. Додека Финците денес го зголемија учењето на техничка и рачна изработка и дизајн, кај нас учениците имаат само по еден час.

По 1991 година во Македонија наставните планови и програми биле променети во сите училишта, па така повеќе нема домаќинство, а воведени се етиката и етиката на религиите. Најголем број часа изгубиле предметите техничко и физичко образование, музичко, ликовно и природа. Денес децата физичко образование имаат само два часа неделно (порано биле четири часа).

Со слабите моторни вештини, денес учениците имаат доста лош ракопис, слабо развиени вештини за читање и недостиг на разбирање и слаби резултати во решавање математички загатки какви што ги чекаат на меѓународното ПИСА-истражување.

Математиката во основно одделение во текот на 60-тите години била видливо понапредна од денес, но поглавјата биле поконцизни и учебниците биле далеку поскромни во однос на страниците.

- Мирјана замислила број помал од 10 и го зголемила 10 пати. Потоа одзела 4 и добила 76. Кој број го замислила Мирјана? - наведува математичкиот учебник за второ одделение од 1969 година.

- Парче ткаенина е долго 30 метри. Од една десетина од ова парче ткаенина може да се сошие машки костум. Колку ткаенина ќе преостане ако се сошијат 6 машки костуми? - друго прашање од учебникот.

Дисциплината во училиштата од крајот на 19 век:


1. Во училиште влегуваме уредно дотерани, облечени и навреме.

2. На пат до училиште се однесуваме пристојно.

3. Пред влегување во училишната зграда ги чистиме чевлите.

4. Момчињата ги вадат капите пред влегување во училницата, а девојчињата по излегувањето.

5. Во училницата веднаш седнуваме на нашите места и мирно се подготвуваме за наставата.

6. Кога наставникот или друга личност ќе влезе во училницата, стануваме и пристојно го поздравуваме.

7. За време на наставата се трудиме исправено да седиме и внимателно да слушаме. Кога ќе нè повикаат, брзо стануваме и одговараме јасно и гласно.

8. За време на одморот не правиме врева. При играњето во училишниот двор не се однесуваме несоодветно. Кон нашите другарчиња секогаш сме љубезни.

9. Во случај на расправија што не можеме сами да ја решиме, се обраќаме до нашиот наставник.

10. Нашите училници сакаме да се уредни. И книгите и тетратките ги одржуваме чисти и уредни.

11. Дома секогаш внимателно учиме и свесно и уредно ги изработуваме нашите задачи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование