X
 22.09.2016 Живот

Третина онлајн активности се на друштвени мрежи

Интернет корисниците дневно во просек два часа се на социјални медиуми. Најактивни се лицата на возраст од 16 до 24 години.

Податоците од GlobalWebIndex покажуваат дека корисниците на Интернет во светот третина од времето поминато онлајн го користат на социјалните медиуми.

Младите на возраст од 16 до 24 години на Фејсбук, Твитер и останати социјални мрежи користат нешто помалку од три часа дневно, додека лицата на возраст од 55 до 64 години помалку од еден час дневно.

Споредено со истражување од 2012-та, користењето на социјалните мрежи во просек скокнало за околу 20 минути на ден. Причина за ваквиот тренд се поголемата присутност на апликации за допишување и дружење и миграцијата на сличните активности на мобилни уреди.

„Така го исполнувам слободното време“ бил најчест одговор на прашањето зошто толку често се користат социјалните мрежи.

Инфографик за времето поминато на социјални медиуми
Подготвил: А.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот