X
 05.03.2020 Наука

Сега може да истражувате на еден од најстарите глобуси во светот

Нов 3Д-дигитален модел овозможува онлајн-истражување на „Хант-Ленокс Глоуб“, еден од најстарите глобуси што постојат во светот.

Њујоршката јавна библиотека има повеќе од 46 милиони предмети во својата збирка. Овој глобус е едно од најголемите богатства ви таа огромна архива. Станува збор за мала, бронзена топка, не поголема од грејпфрут.

Глобусот датира од 1510 година и станува збор за еден од најраните глобуси што го прикажуваат новиот свет. Моделот го покажува глобусот до неверојатен детаљ, а неговото вртење на корисниците им овозможува да видат како поранешните картографи го замислувале светот.

ТУКА можете детално да го погледнете.

Земјините маси гравирани на него вклучуваат две области што го претставуваат новиот свет: една на локацијата на Јужна Америка, и другата, еден мистериозен, голем остров во Јужниот Индиски Океан.

1
Фото: Lazarus Project/Digital Scholarship Lab

Постојат и уметнички елементи: морски чудовишта, бродови, бродоломи, а под екваторот стои предупредување: „Тука има змејови“. Корисниците не можат да ги видат овие детали ни ако глобусот е поставен на изложба во њујоршката библиотека.

Со оглед на вредноста на глобусот, ограничен е и пристапот на научниците.

Независен научник, кој е член на проектот „Лазарус“ на Универзитетот во Рочестер, истражувачка група што користи мултиспектрална слика за обновување на оштетените објекти од културно наследство, во соработка со њујоршката јавна библиотека и режисерот Грегори Хејворт успеале да го направат глобусот достапен за сите.

3
Фото: Lazarus Project/Digital Scholarship Lab

Прво, истражувачите го фотографирале глобусот користејќи и конвенционални фотографии и мултиспектрално фотографирање, процес во кој се користат различни бранови должини на светлината за да се генерираат детални слики.

Создавањето на моделот на глобусот вклучувало два главни процеса. Првиот бил „структура од движење“, техника што се користи за преклопување на фотографски слики за создавање колекција на точки во тродимензионалниот простор што претставуваат позиции на површината на објектот.

Вториот процес вклучувал реконструкција на површината на глобусот, давајќи му изглед на текстура со поставување дигитални фотографии околу моделот.

Извор: Futurity.org
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука