X
 18.04.2022 Живот

Украле мост долг речиси 20 метри и тежок 550 тони

Група крадци украле мост долг речиси 20 метри и тежок 550 тони во Североисточна Индија за да го продадат како старо железо. Полицијата уапсила осуммина, вклучувајќи и двајца владини службеници.

Полицијата успеала да заплени цевки тешки околу 247 килограми и друг материјал. Мостот не бил користен од почетокот на 2000 година, а крадците успеале да го расклопат за три дена. Криминалците носеле владини униформи за да не бидат препознаени и работеле во текот на денот, од 7 часот наутро.



Според локалните медиуми, локалните жители не се сомневале дека станува збор за кражба, а некои биле задоволни што мостот конечно се отстранува.



Крадците биле откриени откако еден жител се јавил кај властите за да праша зошто мостот не се отстранува според стандардната процедура. Потоа полицијата отворила истрага и заклучила дека властите не наредиле рушење на мостот.

Извор: Insider
Насловна фотографија: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот