X
 08.10.2018 Живот

Исчезна мост вo Турциjа

Мост во Северна Турција, стар 300 години, исчезна без трага, а локалните власти се сомневаат дека е украден постепено и тивко, „камен по камен“, објави „Хуриет дејли њуз“.

Жители на селото Арсланџа во округот Ѓумушхане забележале дека мостот, кој тие и онака ретко го користеле, го нема. Прво мислеле дека тој бил уништен при неодамнешните поројни дождови, но чудно е тоа што од мостот нема останато ни камче.

Извештаите на властите покажуваат дека мостот, сепак, можеби е разурнат во поплавите што се случиле пред три месеци.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот