Фото: Nick Petre/Twitter
На улиците на Довер повторно се појави графити цртеж од Бенкси - овој пат огромното знаме на ЕУ, кое губи една ѕвезда.
Цртежот се појавил во текот на ноќта на една зграда во близина на терминалот за ферибот во Довер, со карактеристики кои ги имаат цртежите на Бенкси, особено монохроматскиот работник кој на овој цртеж отстранува едно од 12-те ѕвезди на знамето на ЕУ.
Довер е главно пристаниште за фериботи каде и претходно се имаат појавено дела на
Бенкси.