X
 05.04.2019 Технологија

Најголемиот електричен автобус на светот собира 250 патници

Двоен електричен автобус од кинескиот производител BYD пристигна во Колумбија, каде што ќе се користи како дел од брз систем на превоз.

Се работи за најдолгиот дводелен електробус на светот – К12А, долг 27 метри. Може да собере до 250 луѓе, а достигнува максимална брзина од околу 64 километри на час.

Автобусот е веќе пуштен во промет.

Инаку, BYD во јануари го претстави и својот двокатен електробус, најголем од таков вид во светот. Оваа кинеска компанија произведе над 50.000 автобуси на електричен погон за девет години.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија