X
 16.10.2019 Живот

Aмбициозниот план на Амстердам да го претвори јавниот превоз во електричен

Амстердам има околу 900.000 велосипеди и речиси 60 отсто од тинејџерите и возрасните секојдневно возат велосипед. Но, колку и да е зелен, холандскиот главен град сака да се подобри. Девет од неговите главни улици не ги исполнуваат европските стандарди за квалитет на воздухот. Затоа, Амстердам планира да го направи јавниот транспорт да не произведува гасови до 2030 година.

Почистиот воздух треба да го зголеми животниот век на локалното население за три месеци и да ги намали емисиите на СО2 за речиси 10 отсто.

Од 2022 година во градскиот центар ќе бидат дозволени само електрични или водородни автобуси. Целата изградена област на Амстердам ќе биде ослободена од емисии од сите форми на транспорт.

Амстердам веќе се наоѓа меѓу 25. светски градови на електрични возила, што претставува речиси половина од кумулативната продажба на електрични возила во светот.

Освен проширување на постојните зони со ниска емисија, градот ги охрабрува жителите да се префрлат на електрични возила преку шемите за споделување на автомобили и субвенциите.

Но, и покрај тоа што многу комерцијални возила, на пр.,такси-возилата, веќе се електрични, овој потег би можел да претставува поголем предизвик за сопствениците на приватни автомобили кои не можат да си дозволат електричен автомобил. Растот на пазарот од втора рака за електричните возила ќе им овозможи на повеќе луѓе да ја направат промената.

1
Фото: The International Council on Clean Transportation


Постојат околу 17.000 електрични возила во Амстердам. Бројот може да се зголеми за четири пати во наредните три години, вели „Ватенфал“, енергетска компанија што на градот му обезбедува места за полнење на електричните возила.

Амстердам смета дека ќе бидат потребни дури 23.000 места за полнење до 2025 година за да се поддржи овој раст. Речиси 1.000 места за полнење беа инсталирани во градот, што е плус на веќе постојните 3.000 места на јавните паркинзи. Исто така, секој што ќе купи електрично возило ќе може да аплицира за место за полнење во неговата локална област.

Обемот на проектот има значајни импликации врз електричната мрежа во градот. Електричните автомобили ќе придонесат во оптоварувањето на електричната мрежа на Амстердам. За да се реши ова, почната е мрежа за „паметно полнење“. Станиците за полнење ќе обезбедат помал излез во вечерните часови, кога домаќинствата имаат потреба од поголема електрична енергија, а ќе се зголемат во текот на ноќта кога потрошувачката на енергија е мала. Истото важи и за деновите кога ќе се генерира повеќе сончева енергија.

Заменик-градоначалничката на Амстердам, Шерон Дијксма, е реална во врска со предизвиците.

- Потребни ни се многу работи истовремено. Но, оптимист сум затоа што мислам дека постои и политичка и општествена волја за да се успее - вели таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот