Градското претпријатие за јавен превоз на Виена - „Виенер Линиен“ веќе неколкупати тестирало автобуси што возат на водород. Така, минатата година жителите можеа бесплатно да се возат со ваков автобус во рамките на тест-возење. Сега градот планира подолго тестирање на автобус на водород произведен од „Хјундаи“.
Автобусот ќе вози на сите линии во градот, но не според возниот ред. Патниците ќе може да се пријават за бесплатно возење со автобусот преку интернет, а оваа фаза на тестирање ќе почне на 10 јануари.
Во Виена неодамна бил пуштен и првиот полнач за водород кој автобусите ќе го користат во иднина. Проектот е дел од енергетската стратегија на Виена, која има цел градот да биде климатски неутрален до 2040 година.
Во рамките на проектот Виена планира да пушти уште 5 автобуси на водород до 2023 на една линија, а да има вкупно 10 до 2024 за да се заменат сите автобуси на гориво на истата линија.
Поради метрото и трамваите, веќе 80 отсто од јавниот превоз во Виена се одвива без испуштање јаглероден диоксид, а автобусите на водород треба да го зголемат овој процент.
Извор:
Green
Фото: Pixabay