X
 05.04.2019 Живот

Земји во кои е нелегално да се биде хомосексуалец

Брунеј донесе нови строги закони со кои сексот меѓу хомосексуалци ќе се казнува со каменување до смрт, а тоа предизвика широка осуда.

Но, ова не е единствената земја каде што луѓето се прогонувани затоа што се хомосексуалци. Според извештајот на Меѓународната асоцијација за хомосексуалци, бисексуалци, транссексуалци и интерсексуалци, шест членки на Обединетите нации имаат смртна казна за консензуални сексуални истополови дејства. Брунеј сега е седмата земја.

Смртната казна е можна во уште пет земји-членки. Во некои од овие нации, како Брунеј, казната е вкоренета во толкувањето на исламскиот закон за шеријатот.

70 земји-членки на ОН сè уште ги криминализираат еднополовите односи меѓу двајца возрасни кои се согласуваат, се вели во извештајот. Во 26 од нив казната варира од 10 години затвор до доживотен затвор.

homoseksualci
Фото: CNN

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот