X
 19.11.2016 Живот

Дали сте слушнале за бромосекусалци?

„Бромосексуалност“ е термин што се користи за да се опише интензивно, асексуално пријателство помеѓу двајца мажи од кои еден е хомосексуалец.

Иако тие имаат различни цели, едниот сака да спие со жени, а другиот со мажи, „бромосексуалци" (комбинација од зборовите „браќа“ и„ романса“, brothers + romance) може да бидат многу добри пријатели кои се разбираат совршено.

Пријателството меѓу хетеросексуални и хомосексуални мажи не е новост во светот, но досега е сосема непозната во поп-културата.

Еден од најголемите стереотипи во поп културата убедливо се жените кои имаат хомосексуални пријатели, а двајца мажи од кои еден е хомосексуалец, никогаш не било премногу застапено во Холивуд.

Пред десет години, ваквото пријателство широката публика би го сметала со неверување, но во последно време почна да се споменува во книгите, на телевизија и во кината.

Препознатливи карактеристики на бромосексуалните односи е машкиот пол на двата пријатели, за разлика од досегашните стереотипи во која маж хомосексуалец му помага на хетеросексуалниот пријател во изборот на облека, фризури или за уредување на ентериерот.

Сега се повеќе и повеќе се прифаќа идејата дека хетеросексуалните мажи може да биде голема поддршка за своите хомосексуални пријатели во излегувања и пронаоѓање на потенцијален партнер.

Многу хомосексуалци мажи избегнуваат да го откријат својот сексуален живот на светот од страв дека ќе ги изгубат пријателите. Но, многумина многу пријатно би се изненадиле, кога би добиле најголема поддршка токму од своите пријатели.

Едно од мислењето е дека културата во која хомосексуалците и хетеросексуалците израснале заедно, значително придонесува за чувството на единство меѓу мажите, без оглед на нивната сексуална ориентација.

Постарите мажи се повеќе имаат традиционален поглед на хомосексуалците, полн со страв и не разбирање.

Најзабавен аспект на пријателство помеѓу хомосексуалните и хетеросексуалните мажи најверојатно е љубомората. Хетеросексуалните мажи се многу љубоморни со каква леснотија нивните хомосексуални пријатели наоѓаат партнери за секс.

Но треба да знаете дека хомосексуалците се навистина строги едни кон други, кога станува збор за изгледот. Од друга страна, хетеро мажите може да си дозволат да го занемарат изгледот, но тоа  речиси и да нема влијание врз нивните животи.

Стариот стереотип ги следи тешкотиите кога хомосексуалците и хетеросексуалците зборуваат за секс. Хомосексуалците не зборуваат за она што се случува за време на сексот, туку за околностите што довеле до таа ситуација.

Многу хетеросексуални мажи чувствуваат одредена непријатност кога се зборува за хомосексуален секс, бидејќи тие се свесни дека темата не ја разбираат целосно.

Сепак е добро кога луѓе со различни искуства нормално живеат и споделуваат пријателства.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот