X
 06.05.2016 Култура

Бројот поради кој може да бидете уапсени

Дали знаевте дека во САД има број кој доколку го објавите или запишете може да бидете уапсени?


Се работи за број кој порано се користел за декодирање на дигитални права за копирање на ДВД-ња за луѓето да може да ја преземат содржината. Каналот на „YouTube“ наречен „Wendoverproductions“ објаснува како овој број станал нелегален.

Станува збор за криптологија и прости броеви.

„Има бесконечен број прости броеви исто како што има бесконечен број броеви, но треба многу пресметување за да се најдат овие прости броеви“, се објаснува во видеото.

Шифрираните податоци користат прости броеви со илјадници цифри. Кога се вклучувате во нешто како вашата сметка во банка, компјутерот испраќа број до серверот на банката. Потоа, банката ќе провери дали два од своите прости броеви одговараат на вашиот код кога ќе бидат помножени. Доколку комбинацијата е точна, добивате пристап до сметката.

Овие прости броеви имаат илјадници и илјадници цифри. Колку е поголем простиот број, толку е побезбедна сметката. Нелегалниот број 8565078 итн. е прост број кој е код кој се користел за шифрирање на ДВД-њата.

Со заштитата за копирање се спречувале луѓето да ги преземаат или прават копии од филмовите на нивните компјутери. Сепак, биле направени програми кои им овозможувале на луѓето да направат копии од филмовите поради овој број.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура