X
 25.01.2023 Живот

Папата Франциск: Да се биде хомосексуалец не е кривично дело, Бог ги сака сите свои деца какви што се

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, изјави дека законите што ја криминализираат хомосексуалноста се неправедни и оти „Бог ги сака сите свои деца онакви какви што се“.

- Да се биде хомосексуалец не е злосторство - истакна папата Франциск.
Тој истакна дека католичките бискупи во некои делови од светот сè уште ги поддржуваат законите кои ја криминализираат хомосексуалноста или ја дискриминираат ЛГБТ-заедницата.

Бискупите мора да поминат низ процесот на промени. Тие треба да бидат нежни, како што е Бог кон сите нас, посочи папата Франциск.
Зборувајќи за законите со кои се криминализира ЛГБТ-популацијата, тој посочи дека Католичката црква може и треба да работи за да се стави крај на тоа и дека хомосексуалците мора да бидат добредојдени во Католичката црква и почитувани и оти не треба да бидат маргинализирани или дискриминирани.

Тој додаде дека мора да има разлика помеѓу криминал и грев во однос на хомосексуалноста.
– Да се биде хомосексуалец не е кривично дело. Прво треба да правиме разлика помеѓу грев и злосторство. Гревот е и недостиг на милост еден кон друг - посочи папата.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот