X
 05.04.2020 Живот

Први заразени во Крушево, тројца пациенти излекувани

72 нови случаи на коронавирус се регистрирани во земјата во изминатите 24 часа. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска изнесува 555 лица. Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два контролни негативни теста денес си заминуваат 3 пациенти. На клиниката неколку часа по приемот во болница почина маж од Лабуништа (Струга) на 63-годишна возраст донесен на клиниката со тешка клиничка слика. По градови: Скопје – 14, Куманово -21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7. 


Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 74 пациенти, 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, другите пациенти се стабилни.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во:

Скопје – 235

Куманово -114

Дебар – 49

Штип-19

Прилеп –33

Тетово – 29

Струга – 24

Велес – 10

Битола – 6

Охрид – 3

Кавадарци –2

Гостивар – 4

Гевгелија – 4

Струмица – 2

Крива Паланка- 2

Радовиш -3

Крушево – 2

Кочани – 14



Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот