X
 14.06.2015 Живот

Навики кои секој треба да ги совлада до 30 години

20-те години во нашиот живот се време на експериментирање, откривање на светот и запознавање на самите себеси. Но, исто така, тие се и години во кои самите си поставуваме приоритети и градиме сопствен карактер за иднината.

Навиките кои ги стекнуваме во 20-те, најчесто не` следат до крајот на животот, па затоа е важно да бидат позитивни. Овие навики ќе ви помогнат да бидете поуспешни и позадоволни со сопствениот живот, па затоа е важно да бидат позитивни.

1. Учете од неуспехот

Без огладе на финансиската, моралната или интелектуалната состојба, секој од нас во животот ќе се соочи со неуспеси и неправедни ситуации. Овој дел за жал не можеме да го контролираме но можеме да ја контролираме нашата перцепција во врска со тие случувања. Ако неуспехот го гледаме како можност од која нешто ќе научиме, тогаш тој ќе изгледа помалку страшен.

2. Ризикувајте, но умерено

И ризикувањето може да заврши лошо, меѓутоа Тим Ферис, автор на книгата „The 4 hour workweek““, препорачува едноставни вежби со кои можеме да „измериме“ дали се исплаќа да ризикуваме.

1. Поделете ја хартијата на три делови
2. Во првиот дел напишете се` што може да тргне на лошо доколку одлучите да ризикувате во некоја ситуација. Сетете се на најлошите можни последици.
3. Во вториот дел напишете ги начините на кои можете да ги намалите или спречите последиците.
4. Во третиот дел напишете како ќе се опоравите од лошите ситуации од првиот дел.

Заклучокот е едноставен - ако во првиот дел имате најмногу ситуации, ризикот треба да се избегнува.

3. Собирајте знаење

Наместо да се фокусирате на едно нешто, треба да посветите внимание на усвојување на различни знаења кои би можеле да ви помогнат да изградите што поуспешна кариера. Колку повеќе знаете, толку поголема предност имате пред другите луѓе.

4. Поврзете се со личности кои ве тераат да бидете подобри

Бет Доане, американска дизајнерка, писателка и основач на брендот „Raintees“ вели дека ако навистина сакате да го реализирате вашиот најголем потенцијал, морате да бидете опкружени со луѓе кои ќе ве тераат на предизвици и кои се силни за вас во моментите кога вие не сте.

5. Создавајте смислени работни односи

За односите да бидат смислени и да имаат цел, не можете да се фокусирате само на себеси, туку и на другите и да понудите нешто квалитетно. Адам Грант, професор и автор на книгата „Give and take“, вел: „Ако имате што да им понудите на другите, тогаш реализирате квалитетни врски, а со тие врски доаѓаат и долгорочни можности.

6. Инвестирајте во иднината

Важно е да развиете здрави финансиски навики. Финансискиот експерт Џонатан Менеј советува дека би било пожелно секој месец да издвојувате пари и да ги ставате на сметка и да ги користите кога е апсолутно неопходно.

7. Грижете се за вашето здравје

Голем број луѓе постари од 30 години велат дека би сакале во нивните 20-ти години да развијат навики за вежбање и здравја исхрана, бидејќи со текот на стареењето тие се стекнуваат доста тешко.

8. Работете нешто што го сакате

За да бидете успешни и среќни во животот, важно е да пронајдете работа која ќе ве исполнува. Стив Џобс, во неговиот познат говор на Стенфорд универзитетот во 2005 година изјавил: „Единствениот начин да бидете успешни во работата е да ја сакате. Ако не сте успеале да ја пронајдете, продолжете да ја барате. Немојте да се задоволите со ништо помалку. И што е најважно, имајте храброст да го следите срцето и интуицијата“.

9. Не дозволувајте работата да ви биде поважна од приватниот живот

Што се однесува до работата, важно е да ги научите границите до кои треба да одите. Понекогаш треба да согледате што се` сте постигнале и да го цените она што го имате, а желбата за нови успеси да се стави настрана. За да успеете во било која работа, најважно е прво да бидете среќни и задоволни со вашиот живот и во него да уживате колку е можно повеќе.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот