Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, неодамна објавил фотографија од својот студентски индекс на интернет. Тој се пофалил дека завршил еден семестар на Високата спортска школа и положил четири испити. Три од оценките му се десетки, а последната е деветка.
- Како што гледате, добив три десетки и една деветка и жал ми е што не можев да се борам и за четврта десетка бидејќи услов за добивање највисока оценка беше присуство на практични вежби, за што, сепак, немав време. Не ми е жал, тоа време го искористив да ѝ помогнам на нашата Влада за побргу да набавиме вакцини за граѓаните на Србија - напишал Вучиќ.
Инаку, претседателот на Србија се запишал на Високата спортска школа минатата година.
Извор:
Raport
Насловна фотографија: Instagram