X
 05.04.2023 Образование

Основецот Вања Ѓорѓиоски, кој освои златен медал на Светскиот натпревар по англиски јазик „Хипо“, се спрема за уште една победа

Основецот Вања Ѓорѓиоски од Прилеп освои прво место на светското финале на натпреварот по англиски јазик „Хипо“. Тој учествуваше во финалето, кое се одржа од 28 до 30 септември во Рим, Италија, и се натпреваруваше со ученици од целиот свет: Италија, Хрватска, Србија, Романија, Бугарија, Латвија, Тунис, Малезија, Египет, Филипини, Виетнам и многу други.

- Од 28 финалисти во категоријата хипо 1, го освои првото место и доби златен медал, светски признат сертификат за неговото познавање на англискиот јазик и школарина. Неговата менторка, наставничката Фросина Ацевска, доби бесплатен TEFL курс – соопштија од Основното училиште „Климент Охридски“ од Прилеп, каде што учи Вања.

„Хипо“ е меѓународна олимпијада што се организира со цел да ја промовира важноста на познавањето на англискиот јазик и да ги зближи децата од различни земји.

Вања е ученик во ООУ „Климент Охридски“ во Прилеп и е седмо одделение. Интензивно почнал со изучување на англискиот јазик од почетокот на неговото образование. Во училиште има англиски јазик трипати во неделата, а дополнително посетува курс во приватна школа уште двапати неделно. Како што зборува тој, часовите по англиски јазик секогаш му се предизвик и секогаш е желен да научи нешто ново.

Остатокот од текстот прочитајте го на Деца.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование