X
 22.05.2024 Живот

Јапонија има натпреварувачки спорт за собирање ѓубре наречен спогоми

Спортот стана сè поеколошки, без разлика дали тоа е со намалување на пластичниот отпад на арените или со производство на медали од рециклирани материјали. Но, што ако самиот спорт беше посветен на директно помагање на планетата?

Пример за такво нешто е јапонскиот спорт наречен спогоми, во кој тимови собираат ѓубре и отпадоци во одреден временски рок и во одредена област. Луѓето можат да вежбаат додека истовремено ја подобруваат заедницата и го намалуваат загадувањето.

Името спогоми доаѓа од спојување на зборовите „спорт“ и „гоми“, што на јапонски значи „ѓубре“. Спогоми беше создаден во Јапонија во 2008 година како начин да се промовира собирањето ѓубре во обид да ѝ се помогне на животната средина.

- Проблемот со морскиот отпад станува сè посериозен. Се смета дека приближно 80 отсто од ѓубрето во океаните доаѓа од копното, а собирањето ѓубре е последната одбранбена линија за да се спречи тоа - се вели во пораката на „Спогоми“.



Сега, поддржан од Фондацијата „Нипон“, овој спорт стана толку популарен што има натпревари низ цел свет, вклучувајќи го и првиот Светски куп во спогоми кој се одржа во Јапонија во ноември 2023 година. На Светскиот куп учествуваа луѓе од 20 земји и сите јапонски префектури, а тимот на Велика Британија се најде на првото место.

Но, овој спорт е повеќе од едноставно собирање ѓубре бидејќи има доста правила. Овие правила за игра се флексибилни во зависност од областа и ѓубрето што треба да се собере. Генерално, тимовите се составени од три до пет члена кои треба да соберат што е можно повеќе ѓубре во одредена област и во одреден временски период. Најчесто временскиот период е еден час плус 20 минути за правилно сортирање. Секое парче ѓубре добива различен број поени.

Други правила пропишуваат дека тимовите не можат да го подигнат ѓубрето што е веќе во кантите што му припаѓаат на некој друг. Бидејќи сè мора да се стави во дадените кеси за отпадоци, тие не можат да берат опасен отпад или гломазни предмети. И бидејќи ова има цел да ја подобри локалната област, секој друг начин на транспорт освен пешачење не е пожелен.

На крајот, сите учесници можат да уживаат во гордоста да ја направат околината само малку почиста и поздрава.



Извор: Mymodernmet.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот