Светот стравува од светска војна поради судирот помеѓу Русија и Украина. Многумина се прашуваат како би изгледала можна светска војна земајќи ги предвид нуклеарното оружје и модерната технологија кои ги поседуваат големите светски сили.
Научници од Универзитетот „Принстон“ се обиделе да илустрираат како би изгледала една војна помеѓу НАТО и Русија. Во анимацијата наречена „План а“ научниците покажуваат сценарио во кое Русија почнува да се бори против членовите на НАТО од Западна Европа. На почетокот Русија ги бомбардира големите градови во Западна Европа, пред војната да премине во САД.
Со симулацијата се претпоставува дека Русија би целела кон големите американски градови без претходно предупредување. Според научниците, нуклеарната војна помеѓу Русија и САД би убила 3,1 милиони луѓе за само 45 минути. Заедно со Европа и Азија, бројот на жртви би изнесувал 90 милиони. Овој број не ги вклучува смртните случаи како последица на радијацијата и уништувањето.
Сепак, шансите за ова сценарио се многу мали бидејќи дури и мала нуклеарна војна би имала катастрофални последици врз целата планета. Освен тоа, земјите, вклучувајќи ја и Русија, имаат потпишано договори кои треба да спречат нуклеарна војна. Конечно, не може да се победи во војна со нуклеарно оружје.
Извор:
Indy100
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)