X
 21.12.2017 Култура

Прв автомат со храна за бездомници во Велика Британија


Илустрација - автомат со храна
(Фото: Reuters)


Во шопинг-центарот во Нотингем е поставен првиот автомат со бесплатна храна и други продукти што им се неопходни на бездомните лица. Автоматот содржи основни продукти наменети за луѓето што живеат на улица, а се верува дека е првиот во светот. Пронаоѓачот се надева дека барем по еден ваков автомат наскоро ќе биде поставен во секој град во Велика Британија што има поголем број на бездомници.

Од автоматот може да се набави свежо овошје, енергетски табли, чипс, чоколада, сендвичи, но и чорапи, крпи, антибактериски лосиони, четки и пасти за заби, како и книги.

Поголемиот дел од свежата храна ја донираат организации кои сакаат да го намалат количеството храна што се фрла, истакнуваат од хуманитарната организација „Екшн хангер“, додека остатокот се купува од паричните донации.

Право да го користат овој автомат имаат бездомни лица кои добиле картичка за користење од страна на „Екшн хангер“.

Картичките се програмирани така што дневно можат да се набават најмногу до три ставки.

Пронаоѓачот Хузаифах Калед вели дека се надева дека оваа акција наскоро ќе се прошири по целата земја и ако собере доволно капитал, до крајот на следната година планира да постави околу 30 вакви автомати.

„Добив е-пораки од Грција, Шпанија, Австралија и од Кина, од луѓе што се заинтересираа за оваа акција“, вели Калед, додавајќи дека многу луѓе сакаат да инсталираат вакви автомати и во своите градови.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура