X
 22.12.2018 Живот

Мртвото Море умира - ќе исчезне до 2050 година

На јужниот крај на Мртвото Море, Самер Махадин се потсетува на времето кога брегот можел да се види од терасата на неговата куќа. Некогаш морал да оди 10 минути за да стигне до самиот брег, а денес му е потребен и повеќе од еден час одење по острите карпи што некогаш биле морско дно.

Мртвото море брзо умира. Библиската вода што лежи меѓу Израел и Јордан се повлекува за повеќе од три стапки годишно, создавајќи дупки што голтаат згради и патишта, уништувајќи го богатиот морски пејзаж, од кого зависи и туризмот, за еден ден да стане само дел од сеќавањата.


Фото: Pixabay

Мртвото Море е најсоленото море на планетата Земја, а експертите предвидуваат дека до 2050 година целосно ќе исчезне. Други велат дека никогаш нема да исчезне, но ќе остане само незначителен дел од денешната површина.

Но, по две децении дискусија за тоа како да се спаси Мртвото Море, постои надеж, но таа чини. Проектот е вреден 1.5 милијарди долари со кој би се изградил објект за десалинизација во Јордан, за водата од Црвеното море да се претвори во питка вода, додека соленото море со пумпи би се носело во Мртвото Море.

Состаноците на кои би се финализирале техничките детали, би ребало да започнат за неколку недели.

Мртвото море е доста важно бидејќи постојат записи за него и во Куранот, и во Стариот завет па сите три религии - и муслиманите и католичките Евреи се поврзани со него. Во оваа религија бил пронајден еден од најстарите познати ракописи на хебрејската Библија во која се споменува Мртвото Море.

Високата цена ја плаќаат жителите од двете страни - и во Јордан и во Израел. Најмалку две израелски плажи и една туристичка населба се затворени, а исчезнале и делови од автопатите, кои пропаднале во земјата.

Постојат многу причини поради кои опаѓа нивото на Мртвото Море, од поставување брани, до вадење минерали што имаат лековито својство. Во тоа се меша и политиката на ова немирно подрачје.

-Ова е катастрофа предизвикана од човечкото дејствување - вели Алгуза, водител на проектот „Еко-мир на Блискиот Исток“ - невладина организација што работи со јорданските, израелските и палестинските функционери.

Исцрпени се и залихите на подземните води. Според Марван Ал-Рагад, професор по хидрологија на Универзитетот во Јордан, под Мртвото Море е природен резервоар на длабочина од околу 1.000 метри, но тој би можел да пресуши во наредните 50-тина години.

Освен тоа, морската вода природно испарува, а климатските промени тоа ќе го забрзаат. На ова подрачје е забележан пораст на просечната температура помеѓу 5 и 11 степени, што до крај на овој век би можеле да ги намалат врнежите за 30 отсто.

Минералната екстракција исто така е многу моќна регионална индустрија. Јордан и Израел испумпуваат околу 61.3 милијарди галони морска вода годишно, иако некои тврдат дека оваа бројка е многу повисока. Водата се влева во базените за да испари и остава вредни минерали во нив.

Повлекувањето на морето остава неплодна земја, која во допир со слатката вода, станува нестабилна и се руши во кратери.

Најдоброто сценарио предвидува почето кан реализација на проектот до 2021 година, а би траел три и пол години. Првата фаза од проектот би произвела 62 милијарди галони солена вода, а по втората фаза, во Мртвото море ќе се испумпаат уште 30.4 милијарди солена вода. Но, експертите велат дека за стабилизација на морето потребен е 10 пати повисок износ.

-Спасувањето на Мртвото Море е одговорност на целиот свет - вели Фати Ал Хавеимел, владин претставник за областа што припаѓа на Јордан.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот