X
 05.06.2021 Наша тема

Со маски и на дистанца, матурантите денес полагаат мајчин јазик

Вкупно 315 ученици во гимназијата „Орце Николов“ денеска полагаа државна матура. Пред полагањето, некои од нив рекоа дека се подготвени за испитот. Со мерење температура на влез, со прикажување документ за идентификација, секој ученик влегуваше на полагање во училницата во која беше распределен.

- Полагањето почна навреме. Децата носат маски, сѐ е дезинфицирано во просториите. Во оваа гимназија денеска мајчин јазик полагаат 315 ученици, односно сите матуранти во училиштето. Се подготвуваа изминатиот период, имаа дополнителни часови, сѐ беше во ред. Досега сѐ добро се одвива, ќе видиме колку долго ќе издржат со маски, со оглед на фактот дека испитот трае четири часа - ни рекоа во гимназијата.

Организацијата на матурата ја прави Државниот испитен центар. Таму се подготвуваат и прашањата за тестовите. Мајчин јазик е прв задолжителен предмет од екстерните испити. На 11 јуни учениците ќе полагаат математика или странски јазик.

Ви ја пренесуваме атмосферата од полагањето на матурата од неколку училишта во земјава.












Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема