Еден 15-годишник од САД оваа недела добива две дипломи - за завршено средно образование и за завршени двегодишни факултетски студии.
Том Џордан, кој сака да биде професор по математика,
дипломирал на државниот колеџ „Старк“ во Охајо во неделата. Тој студирал општа наука. Во петок, Том ќе го прослави и крајот на неговите средношколски денови во средното училиште „Глен Оук“. Том изјавил за „Гуд морнинг Америка“ дека за него, чувството да добие две дипломи е добро поради големиот труд кој го вложил.
- Успеав да стигнам тука, со напорна работа - изјавил тој.
Мајката на Том, Кети Џордан, открила дека нејзиниот син започнал да ги следи курсевите на колеџот кога имал 11 години, а на 14 години веќе бил запишан на него. Тој сака да запише докторат во областа на математиката и потоа да предава математика. Том планира да го продолжи образованието на колеџот во Вустер, Охајо, а за докторатот сака да се запише на „Харвард“ или Технолошкиот институт во Масачусетс.
Неговиот совет за учениците и студентите е да следат одреден систем за учење и да најдат баланс помеѓу учењето и забавата.
Автор: Никол Палетиер
Извор:
abcnews.go.com