Компанијата „Амазон“ неодамна сподели видео од „АмаЗен“ - кутија со големина на телефонска говорница во која вработените може да се фокусираат на своето ментално здравје. Тоа го велат од компанијата, но корисниците на интернет различно ја интерпретираа улогата на оваа кутија.
Како што изјавиле од компанијата, „АмаЗен“ може да ги води вработените низ вежби за благосостојба, како медитација, позитивни афирмации, звуци за смирување и друго. Вработените може да гледаат видеа за вакви активности преку компјутер во кутијата. Кутијата се опишува како место во кое вработените може да се фокусираат на менталното и емоционално здравје.
Многу корисници на интернет ја критикувале компанијата за кутијата, особено поради лошите услови за работа за кои се слуша во последниот период.
Меѓу другото, за компанијата се пишувало дека казнува вработени што земаат премногу паузи, нема доволно тоалети за возачите и има поголем процент на повреди на вработените од просекот.
Извор:
Futurism
Фото:
Amazon