X
 10.07.2017 Култура

Дали хуморот создава среќна работна средина?

Хуморот во работната средина е многу важен за да се издржат со уживање осумте часа, пет дена во неделата.

Но, покрај природно хумористичниот вработен или шеф, има други чии неумесни шеги можат да ги стаписаат колегите.

Според тоа, колку, истовремено, вистинскиот хумор помага во подобрување на работната средина и на положбата на оној што е добар во тоа?

Стивен Карлајл, претседателот на „Џенерал моторс“ во Канада, шета низ централата на компанијата во Онтарио, споделува шеги и користи хумор за да се поврзе со своите вработени.

„Верувам дека смислата за хумор е дел од пакетот атрибути за добро раководење“, вели Карлајл. „Им помага на луѓето да се чувствуваат поудобно, да бидат поопуштени, а со тоа и поефективни во својата работа.“

Ваквата практика на Карлајл е нешто што професорот по бизнис Морис Швајцер внимателно го препорачува.

Професорот Швајцер неодамна учествуваше како коавтор во една студија со наслов „Ризичен бизнис: кога хуморот го зголемува или го намалува угледот“.

Студијата открила дека работник или шеф кој успешно користи хумор се смета за самоуверен и компетентен, што за возврат му го зголемува угледот.

„Во работната средина луѓето се угледуваат на тој што е самоуверен“, вели проф. Швајцер. „Да се биде забавен значи да се преземе ризик, а ризикувањето изразува самодоверба“.

Но, дали работниците сметаат дека хумористичните колеги се покомпетентни во нивната работа?

Според Швајцер, споделувањето добри шеги иманентно значи поседување интелект и емпатија, што ги тера колегите да веруваат дека таа личност има високо ниво на компетенција во својата дејност.   

„Да можеш да се шегуваш значи да ги земаш предвид сфаќањата на луѓето и тоа што според нив е смешно“, објаснува тој.

Швајцер додава дека и личноста што кажува несоодветни шеги, било да се навредливи било несмешни, сепак се смета за самоуверена, но, исто така, и некомпетентна.

Дополнително, шегувањето на работа може да ги совлада негативните нуспојави од стресната работа.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура