Среќата на работа претставува луксуз за многумина дури и во нормални времиња, а во 2020 година тоа звучи речиси невозможно. Доколку има луѓе што се среќни на работното место, големи се шансите дека тие се вработени во некоја од компаниите што се најдоа на листата со 100 американски компании со најсреќни вработени.
Листата била направена од „Комперебли“, веб-страница за анализа и споредба, врз основа на оцени давани од
вработените во период од 12 месеци. Компаниите биле оценети според работната околина, платата, поволностите и можноста за исполнување на целите во кариерата на вработените. Работниците можеле да ги оценуваат фирмите и врз основа на негативни карактеристики, како премореност, а оцените се оставале анонимно во периодот од септември 2019 до септември 2020.
Фото: Pixabay
Според листата, ова се големите компании со најсреќни вработени:
1. „Зум видео комјуникешнс“ (Zoom Video Communications)
2. „Хабспот“ (HubSpot)
3. „Мајкрософт“ (Microsoft)
4. „Рингцентрал“ (RingCentral)
5. „Епл“ (Apple)
Ова се компаниите со средна големина со најсреќни вработени:
1. „Импривата“ (Imprivata)
2. „Таксџар“ (TaxJar)
3. „Сник“ (Snyk)
4. „Гоусајт“ (GoSite)
5. „Пендо“ (Pendo)
Листите се слични со оние од минатата година, со неколку промени. „Линкдин“, која минатата година се наоѓала на второто место, сега се наоѓа на 17. место, додека „Рингцентрал“, која сега се наоѓа на четвртото место, минатата година воопшто не била на листата. Целата листа со 100 компании со најсреќни вработени во САД може да ја најдете
овде.
Автор: Кристофер Зара
Извор:
fastcompany.com