Марко Аврелиј (често нарекуван Мудриот) бил император на Римската Империја. Тој бил последниот од петтемина добри императори, а воедно се смета и за еден од најзначајните филозофи на стоицизмот. Двете децении во кои бил император биле обележани со постојани војни.
Книгата на Аврелиј „Медитации“, напишана на грчки јазик, и денес се почитува како книжевен споменик и често е опишувана како исклучително длабока и бескрајно нежна. Ова се неколку негови познати цитати:
„Многу малку е потребно за да создадеш среќен живот. Сè е во тебе, во твојот начин на размислување“.
„Сè што слушаме е мислење, а не факт. Сè што гледаме е перспектива, а не вистина“.
„Никогаш не дозволувај иднината да те вознемирува. Ако треба, ќе се соочиш со неа со истото оружје на разумот со кое денес се бориш со сегашноста“.
„За вистински да ги разбереш луѓето, мора да погледнеш во нивните умови и да ги испиташ нивните стремежи и одбивности“.
„Животот не е ниту добар ниту лош, туку е место за доброто и лошото“.
„Немој да мислиш дека ако нешто ти изгледа тешко, тогаш е невозможно за другите да го постигнат“.
„Душата се бои со боите на нејзините мисли“.
„Ако нешто не е исправно, не прави го. Ако не е вистина, не кажувај го“.
„Најдобрата одмазда е да бидеш поинаков од оној што ти нанел повреда“.
„Кога се будиш наутро, помисли колку е драгоцена привилегијата да се биде жив – да се дише, да се мисли, да се ужива и да се љуби“.
„Имаш моќ над својот ум, а не над надворешните настани. Разбери го тоа и ќе ја пронајдеш својата сила“.
„Оној што живее во хармонија со себе, живее и во хармонија со универзумот“.
„Не трошете повеќе време на дискусии за тоа каков треба да биде добриот човек. Станете таков човек“.
„Благородниот човек се споредува и се оценува според идеал што е повисок од него, а злобниот според идеал што е понизок од него. Едниот создава стремеж, а другиот амбиција - патот по кој се движи суетниот човек“.
Извор:
Goodreads.com
Фото:
Wikipedia