Морган Фриман е легендарен актер и суперѕвезда. Познат е по неговата способност да портретира комплексни улоги со емоционална длабочина и суптилен хумор.
Роден во Мемфис, Тенеси, Фриман глумел на сцена и во голем број филмови и претставува еден од најславните Афроамериканци од неговата генерација, инспирирајќи ја младината да се одлучи за глума.
Добитник е на „Оскар“, „Златен глобус“ и многу други награди во текот на неговата плодна кариера. Некои од неговите најпознати филмови се „Слава“, „Седум“, „Бегство од Шошенк“, „Девојка од милион долари“, „Возејќи ја госпоѓа Дејзи“, „Бетмен почнува“ и многу други.
Освен актерството,
Морган Фриман е активист кој редовно зборува против расизмот. Во минатото тој го критикуваше прославувањето на „Месецот на историјата на црнците“.
- Не сакам месец на историјата на црнците. Историјата на црнците е американска историја, не постои месец за историјата на белците. Единствениот начин на кој може да се запре расизмот е да не се зборува за него.
Фото: Screenshot/YouTube
Ова се некои од неговите најдобри цитати.
- Една од работите од кои секогаш зависиме, една од вистините на универзумот е дека што и да одлучиме дека сакаме да правиме е она што го правиме.
- Ако животот излезе дека ти е добар и имаш многу среќа, добро би било да се свртиш и да направиш да функционира и кај другите.
- Дали мислам дека постои филм за кој требаше да добијам „Оскар“? Да. Сите.
- Глумата значи живот, тоа е сè што правам и во што сум добар. И да не бев платен добро, и понатаму би глумел.
- Простувањето ја ослободува душата, го отстранува стравот.
- Ако сакаш да видиш чудо, биди чудо!
- Предизвикај се себеси, тоа е единствениот пат што води кон растење.
- Трикот за секоја професија е да направиш да изгледа лесна.
- Луѓето треба да почнат да размислуваат за пораките што ги испраќаат во филмовите.
- Не плаши се од она што го сакаш. Ова е твое време. Бариерите се тргнати.
- Многу често луѓето престануваат да одат бидејќи велат: „Се уморив од искачувањето на овој рид. Никогаш нема да стигнам до врвот“. А има само два чекора до врвот.
- Ако станеш ѕвезда, луѓето ќе одат да те гледаат тебе. Ако останеш актер, ќе одат и ќе ги гледаат приказните во кои си ти.
- Можам да кажам дека животот е добар со мене. Бил, и е добар. Така што, мислам дека мојата задача е да бидам добар со него. Како да бидеш добар со животот? Да го живееш.
- Сè додека се чувствуваш како жртва, ти си жртва.
- Како да го промениме светот? Еден по еден случаен акт на добрина.
Извор:
Goalcast.com |
Yourstory.com