X
 05.07.2019 Живот

Полска одобри закон за ослободување од данок на доход за млади под 26 години

Долниот дом на парламентот во Полска одобри нацрт-закон за ослободување од данок на доход за млади под 26-годишна возраст.

Документот го поднесе владејачката партија Право и правда и е поддржан од 419 пратеници во Сејмот. Четворица гласаа против.

Согласно текстот, ако приходите не се над 85.500 злоти бруто (20.000 евра), нема да бидат оданочени со данок, кој во Полска е 18 отсто.

Мерката треба да ја одобри и Сенатот и да биде потпишана од претседателот, а се очекува да стапи во сила од 1 август.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот