X
 07.04.2022 Живот

Полска објави упатства за граѓаните како да се подготват за војна

Владата на Полска објави водич за граѓаните со упатства како да се подготват за кризна ситуација, како што е војната.

Во водичот се наведува што да се прави во случај на напад со различни видови оружје, од конвенционално, хемиско, до нуклеарно. Опишани се и системите за јавно предупредување што се користат во такви случаи.

Се советуваат граѓаните да направат резерви од вода, храна, лекови и батериски светилки во случај на прекин на електричната енергија. Полската Влада наведува дека мора да ги подготви граѓаните за различни сценарија, иако негира дека водичот е поврзан со војната во Украина. Претходните слични водичи вклучуваа ситуации како што се поплави и ледени зимски временски услови.

Секако, заканата од руска инвазија е во мислите на голем дел од граѓаните во Полска, која граничи со Украина. Иако Русија ги фокусира повеќето напади на север, југ и исток на Украина, руските сили извршија и неколку напади врз Лавов, град оддалечен само 60 километри од полската граница.

Засега нема конкретни информации дека Русија планира да ја нападне Полска, ниту дека Полска очекува напад, но постојат стравови дека Русија би можела да ја прошири својата инвазија врз соседните земји.

Во продолжение погледнете ги упатствата што полската Влада ги достави до своите граѓани.

Upute poljske vlader građan... by Index.hr

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот