X
 05.08.2018 Забава

Ова се најплатените диџеи во светот

Светски познатите диџеи како Дејвид Гета, Тиесто, Калвин Харис и многу други веќе со години собираат огромен број луѓе на своите настапи низ целиот свет. Нивните настапи се спектакл, а заработуваат вртоглави суми. Но, дали знаете кои се најплатените диџеи за 2018 година?

„Форбс“ направи листа на основа на нивната заработка од први јуни 2017 до први јуни 2018 година. Еве ги  најплатените.

1. Calvin Harris

48 милиони долари

Фото: Novac

Ова е најплатениот диџеј, кој со години ги забавува сите љубители на електронската музика.

2. The Chainsmokers

45,5 милиони долари

Фото: Novac

Американското дуо составено од Алекс Пал и Ендрју Тагарт е познато по хитовите „Closer“ и „Something Just Like This“, а зад себе имаат повеќе од сто настапи во изминатата година.

3. Tiësto

33 милиони долари

Фото: Novac

Ветеранот на електронска сцена, 49-годишниот дански диџеј годишно има и по повеќе од 150 настапи.

4. Steve Aoki

28 милиони долари

Фото: Novac

Никој во светот на електронската музика не работи повеќе од Аоки. Овој американски диџеј годишно има и по 200 настапи, а некогаш и по два во еден ден.

5. Marshmello

23 милиони долари

Фото: Novac

Можеби не е најплатен диџеј, но затоа е најплатен десерт. За да го оправда своето име, овој диџеј започна свој кулинарски серијал на „ЈуТјуб“ наречен „Гответе со Маршмело“. Каналот има повеќе од 17,5 милиони претплатници.

6. Zedd

22 милиони долари

Фото: Novac

Руско-германскиот диџеј кој за себе вели дека не е диџеј, туку уметник кој на својата публика ѝ приредува спектакл во 2013 година имаше годишна заработка од 3,5 милиони долари, а денес неговата банкарска сметка е многу поголема.

7. Diplo

20 милиони долари

Фото: Novac

Овој американски уметник е познат по бројните соработки со некои од најпознатите музичари како Џастин Бибер, Бруно Марс и многу други.

8. David Guetta

15 милиони долари

Фото: Novac

Ова е сигурно еден од најстарите диџеи на сцената, кој без оглед на своите години сѐ уште ја привлекува младата публика.

9. Kaskade

13,5 милиони долари

Фото: Novac

Овој диџеј својата кариера ја изгради на сопствените забави на плажа наречени „Sun Soaked“. Оваа година забавата привлече повеќе од 30.000 посетители.

10. Martin Garrix

13 милиони долари

Фото: Novac

Овој 22-годишен дански диџеј е еден од најмладите на сцената. Негов најзначаен настап беше на затворањето на ЗОИ во Јужна Кореја, додека минатата година стана заштитно лице на „Armani Exchange“.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава