X
 05.08.2019 Живот

Со ласери против технологијата за препознавање лица

Од почетокот на јуни се проценува дека околу еден милион луѓе излегле на улиците на Хонгконг за да протестираат против закон со кој би се дозволиле екстрадиции во Кина.

За да избегнат идентификација, голем дел од демонстрантите си ги покриваат лицата. Но, некои имаат и други механизми на „одбрана“. Имено, според западните медиуми, некои демонстранти светат со ласери директно во камерите за набљудување - високо-технолошка стратегија чија цел е да ги збуни системите за препознавање на лица.

Користењето на ласериите ги прави фотографиите од протестите нереални, но она што се случува во Хонгконг е реалност која може да има долгорочно влијание.

Иако законот поради кој се протестира моментално е ставен на чекање, ако во иднина биде одобрен, тоа ќе му даде способност на Хонгконг да пренесува осомничени криминалци во кое било подрачје на судска власт, без оглед на тоа дали има формален договор за екстрадиција.

Ако Хонгконг може да екстрадира луѓе во Кина, тоа би ја заматило линијата која сега ги разделува двата правни система. Тоа потенцијално може да доведе до тоа жителите на Хонгконг да бидат предмет на истите строги набљудувања како и Кинезите, а некои луѓе велат дека системите за препознавање на лица се знак дека кинеската контрола во Хонгконг веќе се зголемува.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот