X
 14.08.2019 Живот

Мнозинството демонстранти во Хонгконг се млади и школувани

Мнозинството демонстранти во Хонгконг се универзитетски образовани, речиси половина се во своите дваесетти години и речиси сите ја мразат полицијата, според академско истражување што фрла нова светлина врз движењето.

Демонстрациите во Хонгконг се одржуваат веќе 10 недели.

Протестите што почнаа по нацрт-законот со кој се дозволува екстрадиција во континентална Кина, влегоа во поширок обид да се смени сликата во демократски слободи.

Истражувачи од градски универзитети ги анкетирале учесниците на 12 протести – вклучувајќи масовни митинзи и демонстрации меѓу 9 јуни и 4 август и откриле дека 54 проценти биле машки, а 46 проценти се жени.

Вкупно 77 отсто од 6.688 испитаници рекле дека имаат високо образование и 21 отсто дека имаат средно образование.

Најмногу од нив се на возраст од 20 до 29 години – 49 отсто наспроти 11 отсто под 20 и 19 отсто на возраст меѓу 30 и 39 години. Шеснаесет проценти имале 40 и повеќе години.

Точно половина (50 проценти) сметале дека се средна класа.

На прашањето зошто демонстрираат, 87 проценти рекле дека сакаат да се повлече нацрт-законот за екстрадиција, 95 проценти изразиле незадоволство од постапувањето на полицијата во протестите и 92 проценти повикуваат на формирање независна истражна комисија. Истражувањето е на државниот универзитет во Хонгконг, Универзитетот Ханг Сенг, Универзитет Лигнан и Баптистичкиот универзитет во Хонгконг.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот