Можеби ние сме навикнале никој да не плаќа казна за валкање на улиците или за фрлање отпадоци, но тоа не е така во развиениот свет. Најдобар пример за тоа е Хонгконг, каде што можете да одите и во затвор доколку не ја чувате природната средина. Незаконско фрлање ѓубре и отпадоци таму се санкционира со казна во висина од 200.000 долари, но има можност да се изрече и казна затвор во времетраење од шест месеци.
Еве неколку интересни работи за
Хонгконг, кој е специјален административен и управен регион во Кина:
Не е толку урбан како што се мисли
Кога ќе помислите на град со повеќе од седум милиони жители, прво што ви паѓа на памет е дека се работи за бетонска џунгла која се протега до каде што ви стига погледот. Сепак, градот е опкружен со плажи и дури потсетува на Мајами, додека во заднината се наоѓаат високи планини.
Сите зборуваат перфектен англиски јазик
Хонгконг е еден од најразвиените светски градови и е важен трговски центар, а како резултат на тоа, речиси сите жители зборуваат англиски како да им е мајчин јазик.
Одличен е за планинарење и за истражување на природата
Надвор од градот се наоѓаат десетици патеки за планинарење и пешачење, многубројни ботанички градини, а постојат и можности за други активности кои можете да ги практикувате во природа. Во помалку скриените и не толку многу посетувани ресторани на брегот можете да уживате во специјалитети од морски плодови.
Не е толку скап
За наши услови се разбира дека е скап, но во споредба со другите дестинации, како Токио, Сингапур или Австралија, Хонгконг нема докрај да ви го испразни паричникот.
Највисокиот банџи-џамп
На блискиот остров Макао, кој е под суверенитет на Кина, постои опција да скокате од 223 метри висина од кулата Макао. Слободното паѓање трае околу осум секунди, а цената на оваа адреналинска авантура е астрономска – чини дури 500 долари.
Имаат своја валута
Таму не се користи кинескиот јуан, туку хонконшки долар и станува збор за деветтата валута со која најмногу се тргува во светот. На многу банкноти и монети се наоѓа орхидејно дрво (Bauhinia blakeana), традиционалниот цвет во
Хонгконг, кој се наоѓа и на хонконшкото знаме.
Секој ден луди забави
Многу туристи, но и бизнисмени, обожаваат по напорниот работен ден да се опуштат во округот Лау Кваи Фонг, кој е познат по лудите забави 365 дена во годината. Иако постојат многу клубови и места за забава, најпопуларен е „Клуб 7“. Дозволено е да се пие алкохол на улиците, па многумина ја користат таа можност како подготовка за излегување.