X
 05.08.2021 Забава

Наједноставната математичка задача која никој не успеал да ја реши

Математиката знае да биде тешка за некои луѓе, но некои задачи се тешки за сите, дури и за оние кои се добри во сметање. Некои задачи досега воопшто не биле решени, како оваа.

Станува збор за едноставен математички проблем кој досега никој не успеал да го реши, како што се објаснува во видеото во продолжение.

Треба да одберете кој било број, а доколку тој број е парен, го делите на два. Доколку е непарен, го множите со три и додавате 1. Потоа го повторувате процесот со добиената сума, повторно и повторно. Според теоријата, без разлика на почетниот број, секогаш треба да стигнете до резултат 1.


Извор: Interesting Engineering
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава