X
 05.08.2022 Живот

Што треба да знаете за границите доколку патувате во ЕУ?

Поради големиот интерес за правилата на влегување во Европската Унија од страна на жители на земји кои не се членки, биле објавени препораки за начинот на патување и надзорот на границите. Царинската управа на Хрватска ги објавила овие информации кои важат за влез на сите граници на ЕУ.

Така, треба да знаете дека кога патувате во ЕУ, во својот куфер може да внесете производи кои сте ги купиле во вредност до 300 евра во патен и железнички сообраќај, а до 430 евра во морскиот и авионскиот сообраќај. За деца до 15 години е дозволено внесување производи во вредност од најмногу 150 евра.

Освен тоа, количински се ограничува и внесувањето цигари и алкохолни пијалоци. Производите кои ги внесувате со себе, а кои ја надминуваат дозволената вредност, мора да се пријават при влезот.


Фото: Freepik

Се дозволува внесување најмногу 5 домашни миленици, но тие мора да се пријават на царина и да ги исполнуваат условите како вакцинација и слично.

Според правилата, не е дозволено внесување месо и месни производи, како и млеко и млечни производи. Може да се внесат најмногу 2 килограми храна за доенчиња и домашни миленици.

Сите животински и растителни производи мора да се пријават.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот