X
 05.09.2024 Живот

Ф1 диета: Што јадат возачите на „Формула 1“?

Возачите на „Формула 1“ мора да имаат многу таленти. Покрај тоа што треба да возат добро, истовремено треба да дадат точни повратни информации за тимот во боксот и да ги разберат поставките на болидот. За да можат да го направат сето ова, мора да бидат во топ-форма.

„Формула 1“ трките се доста исцрпувачки. Во најекстремната трка - „Големата награда на Сингапур“, возачите ќе изгубат околу 4 килограми поради потењето. Но, и во текот на други трки возачите даваат големи напори за да се справат со топлината и стресот.

Што јадат возачите на Формула 1?

Јаглехидрати:
На возачите им е потребна енергија, па поради тоа тие внесуваат јаглехидрати пред трките и пред тренинзите. Тие доаѓаат во облик на бавно согорувачки јаглехидрати богати со влакна, како житарките, кафеавиот ориз, мешунките, а не од тестенини или помфрит. Јаглехидратите што ги консумираат се исто така богати со калиум и магнезиум корисни за умот, мускулите и нервниот систем.

Овошје и зеленчук: Со низок удел на масти и висок удел на енергија, витамини и минерали, возачите на „Формула 1“ имаат неограничен пристап до салати. На возачите дневно им се потребни најмалку пет до седум порции овошје и зеленчук, а се советуваат да консумираат и повеќе од тоа. Покрај хранливата вредност на овошјето и зеленчукот, тие ќе помогнат во ослободувањето на енергијата и зајакнувањето на имунитетот.

Протеини: Тие ги обезбедуваат аминокиселините неопходни за изградба на мускулните клетки. Исто така, неопходни се за закрепнување на повреди како што се модринки и истегнувања. За одржување на телесната маса, потребни се два грама протеини на секој килограм од телесната тежина, што значи дека на возачите на „Формула 1“ им е потребна диета со висок удел на протеини, а со низок удел на масти, како што се пилешкото месо и рибата, додека тофу и мешунките се идеални за веганите, како што е седумкратниот светски првак Луис Хамилтон.

Вода:
За да остане организмот хидриран, водата им е особено важна на возачите. Исто така, возачите консумираат вода од кесички, која е богата со електролити, а која ја исфрлаат преку потта во текот на трките. Електролитите помагаат во одржувањето на нивото на гликоза во крвта контролирајќи го менталниот и физичкиот умор.

Како изгледа менито на еден возач на Формула 1?

Појадок: овесна каша со бобинки, банана, јаткасти плодови, засладена со мед.

Ручек: салата, пилешки гради, сос од домати и варен зеленчук, како и овошје за десерт.

Вечера: супа од домати, риба на скара, благ компир и салата, а исто така консумираат и јогурт како десерт.

Кариерата на „Формула 1“ возачите е кратка, а нивната диета е само една компонента на патот кон врвот.

Колку е полесен автомобилот, толку е побрз, а истото важи и за возачите. Поради тоа, во „Формула 1“ беше воведена минимална комбинирана тежина од 180 килограми, која ги вклучува: возачот, кацигата, чизмите и тркачката опрема.

Трикратниот светски шампион Макс Верстапен е највисокиот возач на „Ред бул“ со висина од 180 сантиметри и 71 килограм, а потоа следуваат Даниел Рикардио со 178 сантиметри и 79 килограми, Серхио Перез со 175 сантиметри и 63 килограми, а најнискиот е Јуки Тсунода со висина од 159 сантиметри и 53 килограми. 

Инаку, највисокиот возач на „Формула 1“ е Алекс Албон со висина од 186 сантиметри и 76 килограми.

Извор: n1.info.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот