Без разлика дали сте гурман или не, храната најчесто е најдобрата утеха, додаток на дружењето и прославите и начин да се опуштите. Со храната евоцираме спомени од минатото, се поврзуваме со луѓето и едноставно уживаме во вкусовите.
Во светот има безброј различни навики и обичаи кога станува збор за храната, некои култури се издвојуваат во овој поглед. Фасцинантно е тоа што кога внимавате на исхраната на различни култури, навистина можете да ги препознаете карактеристиките на секоја од нив.
Веб-страницата „Women's Health“ издвојува некои од најдобрите и најпопуларни карактеристики на различни култури, а комбинирањето на сите нив би создало универзален пристап кон оптимално здравје.
Франција - уживање во искуството
Французите се целосно посветени на уживање во искуството во храната и јадат многу бавно. Ова води до помал внес на калории, па и покрај фактот што Французите имаат богата исхрана, имаат ниска стапка на дебелина и кардиоваскуларни болести.
Индија - зачините се клучни
Индиската кујна користи многу зачини, особено ѓумбир, куркума, чили и кари. Чилито е поврзано со забрзување на метаболизмот, а куркумата е една од најдобрите намирници за намалување на воспалителните процеси. Познато е дека ѓумбирот помага при лошење, а одличен е и за слабеење, варење и намалување на ризикот од некои видови рак.
Јапонија - контрола на порциите и презентација
Јапонците се горди на презентацијата, а тоа можевме да го научиме од нив. Сепак, уште повредна лекција е контролирањето на порциите со акцент на малите оброци, што значи помалку калории по оброк. Нивната исхрана е богата со риба, што значи повеќе омега-3 киселини, кои се одлични за здравјето на нашето срце.
Норвешка - во ферментацијата е тајната
Норвежаните сакаат да ја ферментираат храната, а таа е богата со пробиотски бактерии. Добрите бактерии позитивно влијаат врз здравјето, го поддржуваат расположението, го зајакнуваат имунитетот, помагаат при слабеење, варење и здравје на срцето. Опциите за ферментирана храна вклучуваат кимчи, кисела зелка, кисели краставички и некои видови риби.
Грција - вистинска медитеранска исхрана
Секоја година медитеранската исхрана е на врвот на листата со најдобри диети во светот, а познато е дека го намалува ризикот од рак и кардиоваскуларни болести. Медитеранската исхрана е богата со овошје, зеленчук и мешунки, а животинските протеини се консумираат само еднаш или двапати неделно. Маслиновото масло е добар извор на маснотии.
Шведска - добри јаглехидрати
Добрите јаглехидрати се макронутритиент кој игра многу важна улога во обезбедувањето доволно енергија, доброто варење, снабдувањето на телото со влакна и здравјето на срцето. Швеѓаните внимаваат и на умереноста.
Мексико - ручекот е главниот оброк
Фантастичен совет - ручекот е главниот оброк. Традиционалната мексиканска култура ја сака пладневната гозба. Навечер сме поотпорни на инсулин, така што јадењето примарен оброк во раниот дел од денот е сосема логично за одржување здрава тежина.
Италија - црвено вино во умерени количини
Овој италијански совет ќе воодушеви многу љубители на вино. Истражувањата покажуваат дека виното во умерени количини може да го намали ризикот од срцеви заболувања, а умереното значи една чаша за жени и две чаши за мажи дневно.
Фотографии: Freepik