X
 06.03.2023 Здравје

Едноставна промена во дневната рутина може да помогне во слабеењето

Ново истражување покажува дека едноставна промена во спиењето може да ви помогне да се ослободите од вишокот килограми. Истражувачите откриле дека луѓето што спијат редовно и имаат непрекинат сон во текот на ноќта подобро се придржуваат до плановите за вежбање и исхрана.

Во истражувањето се следело како квалитетот на спиењето влијае врз придружувањето до програма за слабеење кај 125 учесници. Оние што редовно ги имале препорачаните седум до девет часа сон имале поголема веројатност да присуствуваат на групни сесии, како и да ги исполнат целите за калории и вежбање. Д-р Кристофер Клајн од Универзитетот во Питсбург изјавил дека добриот сон може да им помогне на луѓето да се држат до нивната физичка активност и целите за слабеење.

- Не очекувавме да видиме поврзаност помеѓу здравото спиење и сите мерки за модификација на животниот стил. Овие резултати посочуваат дека оптимизирањето на спиењето може да доведе до подобро придржување кон модификацијата на животниот стил - изјавил тој.

Спиењето седум до девет часа е од витално значење за поддршка на вашиот мозок и за да останете здрави.

- Добриот сон му овозможува на мозокот да ги поправа и ревидира синапсите, зголемувајќи ја способноста за модифицирање на однесувањето. Исто така, обезбедува повеќе енергија и фокус следниот ден, што го прави вежбањето помоќно и поефективно. На долг рок, ова може да им помогне на луѓето да се придржуваат до програмите за губење на тежината - објаснил Дејвид Шпигел од Универзитетот „Стенфорд“.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје