X
 18.01.2019 Живот

„Ербиенби“ ќе им плати на четири лица да живеат во италијанско село

„Ербиенби“ им нуди шанса н четири лица три месеци да живеат во италијанското село Гротоле. Во партнерство со невладината организација „Вондер Гротоле“, „Ербиенби“ ќе ги покани победниците да го минат летото истражувајќи го италијанското село кое се наоѓа во округот Матера, во регионот Басиликата во јужна Италија.

За време на одморот на кој ќе им бидат подмирени сите трошоци, четворицата учесници ќе имаат шанса да ја истражуваат областа.

Среќниците ќе бидат обучувани еден месец и потоа ќе бидат внесени во животот на заедницата, живеејќи во традиционални домови и поминувајќи време со жителите за да научат различни вештини како одгледување на зеленчук, собирање на мед, производство на маслиново масло и секако, приготвување на паста. Потоа учесниците ќе ги пренесуваат вештините кои ги научиле на посетителите. Сите приходи од искуството одново ќе бидат инвестирани во селото.


-Посеттелите кои ќе дојдат тука ќе живеат во тивко место со бавен начин на живеење. Нема сообраќај, нема хаос, нема загадување, има добра храна и пред се пријатни луѓе - вели Винченцо, локален произведувач на маслиново масло, кој ќе им ги пренесе своите вештини на привремените сограѓани.

Тука можете да аплицирате за да учествувате во натпреварот. Крајниот рок е 17 февруари.

Со среќа!
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот