Во време на пандемија луѓето се обидуваат што помалку да патуваат, особено со авион. Така, тие откриваат нови начини за да си го исполнат летото, изнамувајќи комбе, па дури и одлучувајќи се да патуваат со автомобил на поголеми дестинации. Прашањето „Што ако се заразам со Ковид-19“ е постојана грижа за оние што размислуваат за патувања со авион, особено во странство.
Несигурни за тоа што би се случило, повеќе луѓе се откажуваат од летовите. Но, најновата политика на авиокомпанијата „Емирати“ може да ве привлече да се одлучите да патувате токму со оваа авиокомпанија.
- Вашата безбедност е нашиот најголем приоритет. Ако се заразите со Ковид-19 додека сте далеку од дома, ние ќе ги покриеме вашите медицински трошоци до 150.000 евра, и цените за карантин до 100 евра на ден, во период од 14 дена - велат од „Емиратите“.
Така, оваа компанија го прави незамисливото, покривајќи ги медицинските трошоци на луѓето на глобално ниво.
Политиката за здравствено покривање се однесува на сите патувања со „Емиратите“ во период од 31 ден од моментот на вашиот прв лет, за патувања помеѓу 23 јули 2020 до 23 октомври 2020 година.
Покриеноста преминува дури и ако продолжите од
дестинацијата каде што ве однеле „Емиратите“, односно ако патувате во друг град. Со други зборови, ако слетате во Милано и возите кон езерото Лугано, за вас и понатаму важи оваа политика, сè додека е во рамките на 31 ден од вашиот прв лет. Сепак, здравственото покритие не се однесува на вашата земја.
Фото: Screenshot/YouTube