X
 05.09.2024 Технологија

Отсега на приказните на „Инстаграм“ ќе има и јавни коментари

Досега на приказните на „Инстаграм“ можеше да се пишува приватно, па коментарите и емотиконите пристигнуваа во приватна порака на сопствениците на објавите.

Тоа наскоро би можело да се промени, што значи дека коментарите ќе станат јавни и видливи за сите. Ова значи дека лицето што ја објавува објавата повеќе нема да мора да одговара на пораките.

Јавните коментари ќе можат да се вклучуваат и исклучуваат за секоја објава посебно, а ќе може да ги види секој што го следи тој што ја поставува содржината. Сè повеќе корисници се насочуваат кон објави како приказните на „Инстаграм“ затоа што се краткотрајни, сами се бришат и поттикнуваат поголема комуникација отколку обичните објави.

На коментарите ќе може да се одговара и да се реагира со директни пораки, така што работите не се менуваат за оние на кои не им се допаѓаат промените.

Извор: Atvbl.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија